Советот на ЕУ денес усвои препорака со која се бара од државјани на трети земји кои патуваат во ЕУ од каква било значајна или ирелевантна причина, да приложат негативен PCR тест не постар од 72 часа.
Препораката исто така вклучува можност за воведување на самоизолација, карантин и следење на контактите на овие патници до 14 дена.
Советот на ЕУ нагласува дека карантин и дополнителни тестови по пристигнувањето во ЕУ мора да се применат особено за патниците кои доаѓаат од трета земја каде што е откриен нов загрижувачки вид на Ковид-19.
Според новите правила, ЕУ ќе ги укине ограничувањата за патувања за оние земји кои не бележат повеќе од 25 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена, кои имаат стабилен или тренд на опаѓање во нови случаи, повеќе од 300 тестови на 100.000 жители во претходните 7 дена со не повеќе од 4 проценти позитивни тестови.
Ограничувањата за патување во ЕУ ќе бидат повторно воведени за оние земји каде епидемиолошката состојба рапидно се влошува, особено кога ќе се открие голема инциденца на загрижувачки видови на вирусот, пренесува Танјуг.
Советот на ЕУ нагласува дека оправданото патување поради нужни причини и понатаму треба да остане можно.