Усвоена препораката: Во ЕУ со сертификат за вакцинација, примената зависи од земјите-членки

од Vladimir Zorba
343 прегледи

Советот на ЕУ денес усвои препорака со која се олеснуваат ограничувањата на патувањето, односно поддржува укинување на одредени ограничувања за вакцинирани лица и олеснување на критериумите за влегување на листата на трети земји на кои им е дозволено патување во ЕУ врз основа на епидемиолошката состојбата во тие земји.

Препораката се однесува и на прифаќање на дигитални сертификати на трети земји.

Во Брисел, за Танјуг велат дека препораката ќе стапи на сила утре, откако ќе биде објавена во Службениот весник, и дека нејзината имплементација ќе зависи од одделни земји-членки.

– Земјите-членки треба да ги зголемат ограничувањата за несуштинското патување за државјани на трети земји кои ја примиле последната препорачана доза на вакцина одобрена од Европската агенција за лекови најмалку 14 дена пред пристигнувањето. Земјите-членки исто така можат да ги укинат ограничувањата за патниците кои примиле препорачани дози на вакцини одобрени од Светската здравствена организација за итна употреба најмалку 14 дена пред влегувањето – се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

За да се отстранат ограничувањата за несуштинско патување за одредена трета земја како целина, според новите правила, прифатливиот број на случаи на Ковид-19 на 100.000 жители е зголемен од 25 на 75 во последните 14 дена.

Напредокот во вакцинирањето на населението против вирусот исто така е препорачан како критериум за ставање трета земја на „зелената листа“ за патување во ЕУ.

Критериумите што вклучуваат постојан или тренд на опаѓање на бројот на нови случаи, бројот на извршени тестови, 4% стапка на позитивност меѓу сите извршени тестови, целокупниот одговор на Ковид-19 во земјата и веродостојноста на достапните информации ќе продолжат да се аплицираат.

Советот на ЕУ препорача земјите-членки да можат да „прифаќаат сертификати од трети земји кои содржат барем минимални податоци“, во согласност со националното законодавство и земајќи ја предвид потребата да можат да ја потврдат автентичноста, валидноста и интегритетот на сертификатот.

Во случај на брзо влошување на епидемиолошката состојба во трета земја или откривање на нов вид на вирус, Советот на ЕУ ги повикува земјите-членки да усвојат итни привремени ограничувања на сите патувања во ЕУ што не треба да важат за ЕУ државјани на земјите на ЕУ и категории на одредени патници кои сепак треба да бидат подложени на соодветни мерки за тестирање и карантин, дури и ако биле целосно вакцинирани.