Според Националната асоцијација на банките, очекуваното усвојување на еврото од Хрватска ќе ги чини локалните банки околу 1 милијарда куни (132 милиони евра) годишно.
Сепак, усвојувањето на заедничката валута ќе го намали валутниот ризик и ќе ја подобри стабилноста, велат од организацијата.
Се очекува земјата со 4 милиони жители да влезе во еврозоната во јануари 2023. Конечната одлука ќе биде донесена во јули.
Банките, исто така, ќе мора да „проголтаат“ еднократен трошок во размер од 80 до 100 милиони евра за да ги приспособат ИТ системите и мрежите на банкомати.
Сепак, промената на валутата се очекува да го зголеми туризмот, кој сочинува околу една петтина од економијата на јадранската држава. Како и подобрување на условите за инвестирање и финансирање.