Утре без струја Карпош и делови од повеќе скопски општини

од desk2
92 прегледи

Поради закажани технички зафати утре без електрична енергија ќе останат дел одпотрошувачите во повеќе скопским општини, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје по известување на ЕВН Македонија АД.

Од 08,30 – 14,30 часот без струја ќе останат дел од улиците „Гиго Михајловски“, „Бранислав Нушиќ“, „Даскал Камчев“ и „Иван Аговски“ во општина Карпош, од 08,30 – 14,30 часот село Грчец во општина Сарај, од 09,00 – 12,00 часот улици 1, 6 и 7 во село Батинци во општина

Студеничани. Во периодот од 09,00 – 13,00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат и дел од ул. „Козле„ од бр, 50-а до 54 -б како и дел од ул. „Џумајска“ во општина Карпош, од 10,00 – 14,00 часот ул. „3“ како и околните подулици од ул. „3“ во Визбегово во општина Бутел, како и од 09,00 – 13,00 часот ул. „Њуделхиска“ од бр. 1-а – 9-б и ул. „Атинска“ од бр. 9-б – 13-б во општина Карпош.