Утре без струја ќе останат делови од Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Чаир

од Milan1
524 прегледи

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Чаир, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Во периодот од 11 до 13 часот, струја ќе немаат корисниците од булеварот „Партизански одреди“ број 93 влез 4 во општина Карпош.

Дел од улицата „Дарвинска“ во населбата Драчево, општина Кисела Вода, ќе нема струја од девет до 14 часот.

Во општина Чаир, струја ќе немаат од 8.30 до 13 часот – улицата „Славеј Планина“, дел од „Прохор Пчински“ кон џамијата, дел од „Пластичарска“, објектите околу „Мармарис“, „Топанска“ и објектите околу Теќето.

Од девет до 15 часот – дел од корисниците на улицата „103“, од кружен тек Волково кон црквата во општина Ѓорче Петров.

Слични содржини