Утре без струја од 9:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од ул. 5 во с. Волково, општина Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Без електрична енергија од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од ул. „Димитар Мирачиев“ и ул. „Ефтим Спространов“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 14:00 часот и корисниците од село Усје.

Од 10:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улиците „Дамаска“, „Букурешка“ и „Варшавска“ во нас. Тафталиџе, а од 9:30 до 12:00 часот корисниците на дел од улиците „Миле Поп Јорданов„ и „Стогово“ во општина Карпош.

Од 12:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 58 во с. Волково, општина Ѓорче Петров, а од 8:30 до 10:30 часот жителите од улиците 518 и 532 во с. Марино, општина Илинден.

Во време од 6:00 до 8:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улиците „133“ на Бит Пазар и „26 Јули“ во општина Чаир, а од 9:00 до 09:30 часот корисниците од с. Усје, општина Кисела Вода, соопшти РЦУК Скопје./МИА

Слични содржини