Утре е голем празник: Се верува дека носи несреќа во семејството ако не го сторите ова

од VIktor_P
11,2K прегледи

Утре православните верници го одбележуваат денот на Јован Богослов, најмладиот од 12-те христови апостоли и еден од четворицата евангелисти наречен апостол на љубовта.

Присуствувал на најважните настани од животот на Исус Христос, а по Распетието ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка до нејзиното успение.

Бил талентиран писател и имал моќ да ги објасни најдлабоките тајни на христовата наука поради што е наречен Богослов.

Се верува дека на тој ден почнуваат михолските празници. Луѓето би требало да го одморат добитокот, жените да не допираат ножици ни игли, а во некои краишта се верува дека во случај на непочитување на овој празник се привлекува несреќа во семејството.

Тој ден е добар за тргнување на пат, затоа што се смета дека овој светец ќе ви биде заштитник.

Слични содржини