Утре е Света Недела: Еве што треба да направите за да ве прати здравје и среќа целата година

од VIktor_P
19,K прегледи

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 7 јули. Денеска е Св. великомаченица Недела – тежок празник, не треба никој да работи.

Светата маченица Недела е родена во Мала Азија, во местото Никодимија, престолнината на римскиот император Диоклецијан, големиот прогонувач на христијаните. Родена е во недела, поради што добила и такво име (на грчки недела се вика кириакија).

Ќерка е на Доротеј и Евсевија кои долго немале деца и Недела ја добиле по долги и искрени молитви. Била воспитувана во христијански дух поради што уште од детството била посветена на Бога. Подоцна пораснала во убава девојка што ја сакале многу момчиња. Но таа сите ги одбивала, изјавувајќи дека е решена да остане девица и да се посвети на својот Бог, Исус Христос.

Кога го одбила и едно богато момче, тоа навредено ја наклеветило кај царот Диоклецијан за исповедање на христијанството. Според едно предание таа ја одбила понудата и на царскиот син изјавувајќи: “Јас се свршив за Синот на царот на царевите”. Притоа за истата дејност било наклеветено и целото нејзино семејство.

Најпрвин настрадале нејзините родители, а потоа Недела била мачена на најсуров начин, била влечена, тепана со воловски жили, сечена по телото, ја фрлале на клада, и пуштале диви ѕверови Но сето тоа било залудно зашто Исус Христос секогаш после мачењето и ги исцелувал раните. А кога изјавила “За мене живот е да умрам за Христа”, била осудена да биде исечена со меч. Пред да биде погубена и дозволиле да се помоли на Господа, а кога тоа го направила ја предала душата пред мечот да падне врз нејзиниот врат. Тоа се случило во родниот град Никодимија на 7 јули 289 година, кога имала само 22 години.

Празникот на Светата маченица Недела се паѓа во летниот период, во време на жетвата и другите полски работи. Во некои краишта, како на пр. во Дебарца, Охридско) празникот се вика Стара Недела, се смета за мајка на неделите и поради тоа за најтежок празник, се верува дека Божјата казна ќе го стигне секој што ќе работи на овој ден.

Според старите обичаи, на овој ден треба да се оди во црква. Помолете се на Светата велико маченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.