Утре обвинение за „Рекет“

од Vladimir Zorba
531 прегледи

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утре ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди обвинителката Вилма Русковска за Радио Слободна Европа.

Првоосомничен во случајот е Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. За трговија со влијание се сомничи и Зоран Милески Кичеец, додека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јовановски и Милески се сомничат дека преку поранешната специјална обвинителка Катица Јанева издејствувале ослободување од притвор на осомничениот бизнисмен Орце Камчев во предметот „Империја“ и можност за спогодба. За таа „услуга“ Камчев им платил 1,5 милиони евра. Видео-снимки од плаќањето беа објавени на италијанскиот портал Ла Верита.

Слични содржини