Утре пак студено време

од Milan1
44 прегледи

Утре изутрина времето ќе биде ведро и студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет.

Слични содржини