Утре почнува судењето на Палевски и останатите обвинети за убиството на Вања и Панче

од Milan1
35 прегледи

Во Кривичниот суд утре започнува судењето за грозоморните убиства на 14-годишната Вања и велешанецот Жежовски, кои ја шокираа македонската и јавноста од регионот.

Први на обвинителната клупа седнуваат таткото на Вања, Александар Ѓорѓески со тројцата обвинети, соучесници на Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов кои се обвинети за вмешаност во киднапирањата и убиствата.

Токму тие го идентификуваа Палевски како главен организатор на злосторството, кои ја однеле и полицијата до телата на жртвите.

За свирепото двојно убиство јавноста дозна на 3 декември. Тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и обвинителот Бубевски ги обелоденија првите детали.

Палевски беше уапсен од турските власти на почетокот на декември во турскиот град Баликесир. Тој по пет месеци беше екстрадиран во Македонија.

Според веќе покренатото обвинение, целта на обвинетите била да присилат член на потесното семејство на Вања, да даде парични средства за откуп. Таткото на Вања е обвинет дека помогнал во грабнувањето.

Слични содржини