Утре рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, ќе ја посети Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
Посетата на рускиот владика на Скопје ја потврди митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј во изјава за Сител.
Од кабинетот на архиепископот Стефан досега нема официјална информација за доаѓањето на митрополитот Антониј.
МПЦ – ОА во мај минатата година по повеќе од половина век се врати во канонско единство со останатиот православен свет и доби томос за автокефалност од Српската православна црква.
На 25 август, Светиот синод на Руската православна црква ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква.
МПЦ-ОА сега го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.