Утре се одбележуваат две години од стравичната несреќа кај селото Ласкарци

356 прегледи Фото: Борче Поповски

Утре се навршуваат две години од стравичната несреќа кај Ласкарци, каде животот го загубија десеттина лица. Автобуската несреќа ја потресе јавноста, а утре градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари со организациониот одбор ќе оддржат марш и оддадат почит на настраданите.

„Утре (сабота), членови на Организациониот одбор за одблежевуање на двегодишнината од трагедијата кај Ласкарци и гостиварскиот градоначалник Арбен Тарвари, во  11:00 часот ќе положат цвеќе на местото на несреќата во село Ласкарци.

Во 16:30 часот кај наплатна рампа во Гостивар, каде што ќе започне Меморијалниот марш, член од организациониот одбор и градоначалникот Таравари  ќе дадат  изјава за медиумите.

Маршот ќе заврши во 17:40 часот на градскиот плоштад, со скормна церемонија“, стои во соопштението за утрешниот марш.