Националната онлајн платформа падна на првиот тест, 30 000 ученици утрово се обиделе да се вклучат, ама безуспешно.
Од министерството за образование смируваат – се работи за тестирање со реални корисници и тоа е дел од постапката за де се види како платформата ќе функцинира. Тестирањето продолжува и во наредните денови. Од ФИНКИ, чии професори всушност ја сервисираат и ја создадоа платформата, велат дека денешниот ден им бил добредојден бидејќи можеле да видат каде точно ќе се појават проблемите, а со тоа и да ги решат.
Мминистерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, со одговор дека помогнале како експерти, но дека немаат надлежност во создавањето платформа.
„Ние даваме техничка поддршка, а процесот за обезбедување средства, се врши преку МОН и од страна на училишно – образовните институции. И во тој правец, верувајте ми, во рамки на процесот на дигитализација кого го овозможуваат ИПА фондовите, стапивме во контакт со МОН за привршување на постапките за запишување на децата во училиштата и градинките“,изјавил Шаќири.
По првиот неуспешен тест на платформата, утре следува вториот тест, на коишто во исто време ќе се логираат 260.000 корисници. И покрај проблемите, сепак националните координатори се оптимистични, уверуваат дека проблемите ќе бидат надминати а платформата ќе биде одличен начин децата да не застанат со образованието.
Оваа интернет страница ќе треба да биде на располагање на околу 250 илјади ученици и 26 илјади наставници. Викендов на скулс мк, според податоците на ФИНКИ, успеале да се најават околу 150 илјади корисници. Во претпладневните часови денеска кога и се појави проблемот онлајн биле вклучени повеќе од 40 илајди ученици и наставници.
Ваков проблем нема да имаат дури 40.000 деца кои немаат компјутер. За нив ќе се емитува настава на МТВ.