Утре сончево, од четврток дожд, а на планините снег

од Milan1
20 прегледи

Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, соопшти УХМР.

Утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Слични содржини