Утре во Кочани ќе се одржи четиринаесеттиот „Марш за ангелите“

од Milan1
26 прегледи

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ утре ќе го одржи четиринаесеттиот „Марш за ангелите“, за кој се вели дека е „марш на болката и борбата за правда, и гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори – ниту за едно дете, ниту за една мајка“.

Истиот ден, со почеток во 16:30 часот, во Центарот за култура „Бели Мугри“ – Кочани, ќе се одржи комеморативен настан со наслов „Во сеќавање – посветено на загинатите од пожарот во Кочани“, организиран од страна на Општина Кочани.

-Ве повикуваме со отворено срце да ни се придружите – да застанеме заедно во тишина, во солзи и во спомени. Да им оддадеме чест на нашите деца – невини, млади животи кои беа прекинати пред да почнат вистински да живеат. Нека гласот на болката не молчи, истакнуваат од Здружението „16 март 2025 – Кочани“.

Слични содржини