Утре во Тирана неформален состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Утре во Тирана ќе биде одржан неформален состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан, во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 16 октомври во главниот град на Албанија.

На состанокот најавено е присуство и на комесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји.

„Средбата ќе се одржи во понеделник напладне околу 12 часот во владината вила 30. До денес единствено не е потврдено присуството на косовскиот премиер Албин Курти, јави „АБЦ њуз“.

Рама ја најави средбата за време на неодамнешната дводневна балканска турнеја, во чии рамки ги посети Скопје, Приштина, Подгорица, Сараево и Белград.

Слични содржини