Утре вонреден состанок на Советот за безбедност, поради упадот на руски авиони во Естонија

Во петокот наутро Естонија откри три руски борбени авиони МиГ-31 во нејзиниот воздушен простор, без одобрение.

од Бисера Трајковска
14 прегледи Фотографија: Anna Zvereva from Tallinn, Estonia. Wikimedia Commons - CC BY-SA 2.0 29 August 2019

Вонреден состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) ќе се одржи утре на барање на Естонското Министерство, поради упадот на три руски авиони во естонскиот воздушен простор.

-Итен состанок на Советот за безбедност на ОН ќе се одржи на 22 септември како одговор на флагрантното кршење на естонскиот воздушен простор од страна на Русија во петокот, објави денеска естонското Министерство за надворешни работи.

Пред десет дена, околу дваесет руски дронови влегоа во полскиот воздушен простор, а кратко потоа руски борбен дрон остана во романскиот воздушен простор еден час.

Членките на НАТО потврдија дека е активиран Членот 4.

Слични содржини