Утрово избоден турски државјанин во Градскиот парк

од Nikola Popovski
165 прегледи

Утрово дошло до инцидент во Градскиот парк при што едно лице било избодено, велат од полицијата.

Во 02.00 часот во СВР Скопје, А.Б.(19) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, пријавил дека на 03.11.2022 околу 20.40 часот во Градски парк, по претходна расправија, бил физички нападнат од М.Р., по што О.Н. со остар предмет му нанел повреди.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини