312
Полицијата информира дека денеска во трговски центар во Скопје полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го привеле А.Е. (24) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело уцена.
Како што информираат од МВР, А.Е. побарал 3.000 евра од 22-годишна девојка од Скопје за да не објави компромитирачки фотографии.
Девојката го пријавила делото во СВР Скопје, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и и се дадени кримтехнички обработени пари, кои таа му ги дала на А.Е. на претходно договорена средба во трговски центар во Скопје.
Веднаш откако ги земал парите, А.Е. бил приведен, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.