УЖАС по поплавите во Словенија: Пронајден мртов маж во септичка јама

од Nikola Popovski
327 прегледи

Љубљанската полиција добила дојава дека е пронајдено мртво лице во септичка јама во областа Мост при Коменда, јавува словенечката новинска агенција, додека локалните медиуми информираа дека се работи за маж кој починал додека ги отстранувал последиците од поплавите.

Како што пренесува порталот „Камник инфо“, станува збор за маж кој наводно загинал додека ги отстранувал последиците од тешките поплави кои ја погодија Словенија.

Според досега собраните информации, мажот настрадал кога при изведување работи паднал во јама со отворена шахта. Се наведува дека смртта не е последица на кривично дело.

Полицијата продолжува да прибира информации и сите околности ќе ги пријави до надлежното државно правобранителство, соопшти Управата на полицијата во Љубљана.

Слични содржини