Ужас во берлинско училиште: 11-годишно дете пронајдено крваво во дворот!

од Марта Пешевска
21 прегледи

Единаесетгодишно момче е пронајдено повредено во дворот на основното училиште „Вајнмајстерхорн“, во берлинската населба Шпандау. Детето прво било забележано од соучениците, по што веднаш биле повикани полицијата и итната служба околу 11:30 часот.

Портпаролот на полицијата, Мартин Халвег, изјави дека постои сомневање за сторено кривично дело. „Одделот за кривични истраги веќе започна со испрашување на учениците и наставниците“, додаде тој.

Иако на почетокот не можеше да се потврди дали се работи за напад со нож, Халвег нагласи дека истрагата е во тек и дека сите опции се разгледуваат. Повреденото момче било итно пренесено во болница, каде што било подложено на хируршка интервенција. Неговата состојба сега е стабилна. Настанот ја вознемири училиштната заедница, а локалните власти ги преземаат сите потребни мерки за да се расветли случајот.

Слични содржини