Најмалку 32 лица загинаа кога два воза се судрија денес во близина на египетскиот град Сохаг, кој се наоѓа на околу 300 километри јужно од Каиро.
Државната железничка администрација објави дека сопирачките за итни случаи во првиот воз ги запалиле „непознати лица“, поради што возот запрел, пренесува Скај Њуз.
Тогаш вториот воз удри во првиот, кога два вагона паднаа од пругата.
Десетици амбуланти биле испратени на местото на настанот, а фотографиите на локалните медиуми покажале превртени вагони со патници заробени внатре.
Египетското Министерство за здравство објави дека 66 лица се повредени.
Јавното обвинителство објави дека наредило истрага за судирот.
Египетските железници имаат историја на лошо одржување и лошо управување, а пред три години претседателот Абдел-Фатах ел-Сиси изјави дека се потребни околу 10,2 милијарди фунти за да се поправи трошната мрежа.