263
Од УХМР информираат дека до петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време.
-По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро.Во сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска, велат од УХМР.