Узунов: 30 години спроведуваме реформи и никако да ги спроведеме!

од Milan1
43 прегледи

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека во Македонија 30 години се спроведуваат реформи, и никако да се спроведат.

„Тие, ниедна политичка гарнитура не ги спроведе. Како што стојат работите во овие шест месеци, оваа Влада, јас би сакал да се надевам човечки е да се надеваш, меѓутоа мене досега ништо не ми ветува дека ќе биде поразлично. И повторно ќе останеме на истата состојба“, вели Узунов.

Како што вели, структурните реформи се тешки и болни, и политичарите не сакаат да бидат спроведувачи.

Слични содржини