Претседателката на привремените институции во Приштина, Вјоса Османи, денес изјави дека понудениот француско-германски предлог е многу важен и ја критикуваше ЕУ дека употребува нејасен јазик во понудените решенија, поради што, тврди таа, страните го толкуваат договорот како им одговара.
Како што изјави таа за австрискиот портал „Профил“, треба да се биде многу внимателен кога се работи со овој предлог, бидејќи тој зборува за „самоуправување на Србите“, пренесува Коха.
„Ако седнам со тројца адвокати, ќе добијам најмалку 10 различни мислења за тоа што значи ова во пракса. ЕУ сака да користи нејасен јазик за да можат двете страни да ги толкуваат договорите како што им одговара. Мораме да ја напуштиме оваа стратегија, затоа што ние сме тие кои мораме да живееме со последиците“, рече таа.