В понеделник седница на ДИК за снимките на Заев

од desk3
98 прегледи

Актуелниот претседател на ДИК Никола Рилкоски порача дека од снимките кои ги чул, се однесуваат на локалните избори во 2013-та кога на чело на ДИК е Борис Кондарко.

dik

Кондарко пак не одговараше на повиците, а без конктретен коментар останаа и дел од другите членови на комисијата.

Најавуваат дека в понеделник ќе заседаваат токму на оваа тема.

Дел од актуелните членови на ДИК велат дека комисијата треба да се состане во понеделник и да заземе официјален став.

– Ние не сме се виделе со претседателот. Треба в понеделник да се видиме да се усогласиме и да заземеме став како Државна изборна комисија и потоа да го соопштиме- изјави за телевизија 24 Вести, членот на ДИК, Субхи Јакупи.