Вагнер регрутира командоси од Авганистан кои побегнале од Талибанците за борби во Украина

од Nikola Popovski
313 прегледи

РУСКАТА армија регрутира припадници на специјалните единици на авганистанската армија за да се борат во Украина, изјавија денеска тројца поранешни авганистански генерали за агенцијата АП.

Тие изјавија дека биле членови на авганистанската армија кои се бореле заедно со американските сили и побегнале во Иран по хаотичното повлекување на САД минатата година.

Според нив, Русите се обидуваат да привлечат илјадници поранешни авганистански командоси во „својата странска легија“ со понуди за стабилни плати од 1.500 долари месечно.

Тие исто така нудат безбедни засолништа за нив и нивните семејства за да избегнат депортација во Авганистан од рацете на Талибанците, што многумина веруваат дека би значело смрт за нив.

– Не сакаат да се борат, но немаат избор, изјави еден од генералите Абдул Раоф Аргандивал и додаде дека десетици авганистански командоси кои сега се во Иран, а со кои тој комуницира преку пораки, најмногу се плашат од депортација.

-Ми велат, ајде, дај ни решение. Што можеме да направиме? Ако се вратиме во Авганистан, Талибанците ќе не убијат, рече тој.

Аргандивал изјави дека регрутирањето на Авганистанците го вршат членови на руската платеничка група Вагнер.

Друг поранешен генерал, Хибатула Ализаи, последниот командант на авганистанскиот генералштаб пред преземањето на талибанците, рече дека поранешен командант на авганистанските специјални сили кој изјави дека во регрутирањето помага поранешен командант на авганистанските специјални сили, кој живеел во Русија и зборува руски.

Засега не е познато колку од нив се обидела да им пријде руската страна, но еден од припадниците на специјалните сили за АП изјавил дека преку WhatsApp комуницира со околу 400 други командоси кои размислуваат за понуди.

Тој рече дека многумина како него се плашат од депортација и се огорчени што САД ги напуштиле.

– Мислевме дека може да ни направат посебна програма, но никој не ни помисли на нас, изјави поранешниот командос, кој побара да остане анонимен бидејќи се плаши за себе и за своето семејство.

– Само што не оставија сите во рацете на талибанците, истакна тој.

Командосот рече дека му понудиле руски визи за него, како и за неговите три деца и неговата сопруга, кои се уште се во Авганистан.

-На други им е понудено продолжување на визите во Иран, додаде тој.

Тој исто така рече дека чека да види што ќе одлучат другите на групите на „WhatsApp“, но дека мисли дека многумина ќе ја прифатат понудата.

Слични содржини