221
Некои платеници на руската група „Вагнер“ ја напуштија Белорусија и се вратија на фронтот во регионот на Доњецк, изјави за РБЦ-Украина портпаролот на украинската армија.
„Вагнерците“ се присутни на источната територија, изјави Илиа Јевлаш, портпарол на Источните сили.
„Зборуваме за членови на „Вагнер“ кои биле на територијата на Белорусија. Сега таму се распуштаат нивните кампови. Таму имаше околу 8.000. Сега некои од тие милитанти заминаа во Африка, а некои повторно преговараа за договори со Министерството за одбрана на Руската Федерација и се вратија овде во источна Украина за да учествуваат во непријателствата – и како инструктори и како воен персонал“.