Вагнер тврди: Го пронајдовме телото на еден од двајцата исчезнати Британци

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Групата Вагнер објави дека го пронашла телото на еден од двајцата британски доброволци кои беа прогласени за исчезнати на бојното поле во источна Украина.

Британската канцеларија за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) не го потврди извештајот, но додаде дека им дава поддршка на семејствата.

Во својата објава на Телеграм, Вагнер не го спомна името на починатиот, но рече дека кај него се пронајдени документи кои им припаѓаат на двајцата Британци и приложи фотографија од пасош со имињата на двајцата исчезнати Британци, Ендрју Багшо и Кристофер Пари, пишува The Guardian.

„Денеска е пронајдено телото на еден од нив. Кај него се откриени документите на двајцата Британци“, се вели во соопштението на Вагнер.

Не беше наведено каде е пронајдено телото.

Слични содржини