Вагнерците дефинитивно се селат во Белорусија? Командантот на „Вагнер“ ги откри плановите на Пригожин

од Radmila Tasevska
426 прегледи

Припадниците на руската паравоена група „Вагнер“ на Евгениј Пригожин се подготвуваат да се преселат во Белорусија врз основа на договорот со кој заврши нивниот бунт против руското воено раководство, изјави денес високиот командант на „Вагнер“ Антон Јелизаров.

Јелизаров, чиј прекар е Лотус, на Телеграм напиша дека борците на „Вагнер“ сега се на одмор до почетокот на август, по наредба на Пригожин, пред да се преселат во Белорусија.

Јелизаров посочи дека мора да се подготват бази и полигони и да се оствари соработка со локалните самоуправи и органите на редот на Белорусија.

Не е јасно каде точно се Пригожин и борците на „Вагнер“ по неуспешното востание од 23 до 24 јуни.

Според договорот со кој заврши бунтот, Пригожин требаше да се пресели во Белорусија, а на неговите борци им беше дадена опција да одат во Белорусија, да се приклучат на редовните вооружени сили на Русија или да си одат дома.

Сепак, белорускиот претседател Александар Лукашенко во четвртокот рече дека Пригожин и илјадници негови борци се во Русија, што ги наметна прашањата за спроведувањето на договорот.

Слични содржини