Серијата „Два и пол мажи“ е една од омилените меѓу припадниците на сите генерации, а речиси и да нема човек кој не гледал барем една епизода.
Ангус Ти Џонс се прослави во оваа серија играјќи го ликот на момчето Џејк, а во тоа време имаше само 10 години.
Тој буквално порасна снимајќи ја оваа серија, бидејќи во неа глумеше без престан од 2003 до 2013 година, покрај Чарли Шин и Џон Крајер, а потоа и Ештон Качер.
Во еден момент тој беше и најплатениот тинејџерски актер во историјата, до тој момент.
Сепак, по снимањето на серијата „Два и пол мажи“ тој целосно се повлече од актерството и се посвети на религијата, па во неколку наврати откри дека нема баш добро мислење за овој проект кој го прослави.
Тој ја напушти серијата, не играјќи во целата 11-та сезона, само за кратко да се појави во финалето на 12-та сезона во 2015 година.
Потоа заминал на универзитет каде прво студирал екологија, а потоа и науки за еврејската религија и култура.