Одделот за одбрана на САД вчера објави селфи направено од пилот додека летал над кинески балон кој беше соборен претходно овој месец. Селфито е направено од пилотската кабина на шпионски авион U-2 додека американските воени лидери го следеле напредокот на балонот на голема височина над континенталниот дел на САД.
Пекинг се бранеше велејќо дека е метеоролошки балон кој излетал од курсот, но Вашингтон тврди дека балонот е дел од обемната кинеска програма за собирање разузнавачки информации. Додека балонот летал над американска територија, најмалку два авиони собирале информации за неговите карактеристики и траекторија, пишува Би-Би-Си.
Балонот е откриен како влегува во воздушниот простор на Алјаска
Висок функционер на Стејт департментот претходно овој месец изјави дека е откриено дека балонот е „способен да спроведува операции за собирање разузнавачки информации“. Официјалните лица првпат дознале за балонот кога на 28 јануари влегол во воздушниот простор на Алјаска.
Борбените авиони на Северноамериканската воздушна одбранбена команда (НОРАД) го идентификуваа странскиот објект, но војската во тоа време не го собори. Официјалните лица објаснија дека не можеле да го урнат балонот бидејќи неговата големина и потенцијалните остатоци претставуваат закана за цивилите на теренот.
Балонот беше соборен на 4 февруари
Официјален претставник на одбраната им кажа на американските пратеници претходно овој месец дека балонот е висок колку Статуата на слободата и има „корисен товар со големина на авион“. Селфито е направено ден пред да биде соборен балонот во близина на брегот на Јужна Каролина на 4 февруари, а наводно „добил легендарен статус“ во Пентагон.
Балонот лебдеше на 18.200 метри во воздухот, а авионите У-2 рутински летаат на надморска височина поголема од 21.000 метри. Дури минатиот петок заврши потрагата и извлекувањето на остатокот од балонот од Атлантскиот Океан. Пентагон потврди дека остатоците, вклучувајќи го и товарот, се отстранети и се проучуваат.
Shadow of the U2 can be seen on the balloon.
An armed U2 would be useful in such a scenario. https://t.co/tDoOkv3K1w— Ramandeep Bajwa (@Ramandeep_Bajwa) February 23, 2023