Вака Кевин Спејси ја прослави ослободителната пресуда: Имаше уште една важна причина за славење

од Stefanija Kuzmanovska
260 прегледи

Актерот Кевин Спејси вчера пред судот во Лондон беше ослободен од обвиненијата за сексуален напад.

Нему му беше судено по девет точки од обвинението, вклучително и сексуален напад, поттикнување лице на сексуална активност без согласност и поттикнување на лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност, а сите обвиненија биле поднесени од мажи.

Ослободителната пресуда беше изречена на важен датум – 64-тиот роденден на Спејси.

Page Six објави фотографии на кои се гледа како актерот се упатува во луксузен клуб во Сохо со пријател и слави „со својот омилен жесток пијалок“.

Според понатамошните пишувања, тие биле во посебен дел од овој клуб резервиран само за нивните членови.

„Изгледаше многу гордо. Седеше до влезот за да го видат сите“, изјави очевидец за споменатиот медиум.

 

„Тој ја помина вечерта пиејќи виски, сите изгледаа расположени“, додава друг.

Во овој луксузен клуб со актерот и неговиот пријател бил и неговиот менаџер, како и Еван Лонстин, единствениот соработник кој останал со Кевин сите овие години откако бил обвинет за сексуална злоупотреба и вознемирување.

Како што е наведено, Спејси го напуштил клубот околу полноќ.

Слични содржини