Вака ли ќе изгледа Huawei Mate 20? (ФОТО)

од Vladimir Zorba
137 прегледи


Следната недела Huawei ќе го претстави новиот чипсет Kirin 980, кој оваа есен ќе се појави во предводнците телефони од серијата Mate 20. Додека ја чекаме премиерата, од XDA Developers се подготвени да ни ги покажат првите рендери на Mate 20, кои се создадени врз основа на реални фотографии на дизајниран прототип на телефонот, па затоа можеме да им веруваме. Кадрите прво биле споделени со FunkyHuawei.club од кинески извор, а потоа стигнале и до XDA.

Сликите може да се разликуваат малку од реалниот уред, бидејќи се создадени без да се знаат вистинските димензии на телефонот, па не е исклучено да не се совпаднат целосно со финалниот дизајн. Освен тоа, во сликите не се покажува формата на сензорот за отпечатоци на задниот панел – таков ќе има, но засега не е јасно како ќе изгледа, бидејќи задниот дел на телефонот бил скриен. Рендерите откриваат дека Huawei Mate 20 ќе има исечен дисплеј, но димензиите на пресекот ќе се намалени значително во споредба со Huawei P20.

„Notch“ зоната потсетува на телефонот на Essential и сигурно ќе ги воодушеви сите кои не го сакаат овој тренд во дизајнот на телефоните. Сајтот потврдува дека уредот ќе има 6.3-инчен AMOLED дисплеј со резолуција 2244х1080 пиксели, а во фирмверот била откриена и слика со форма на отсечениот дел. Над предната камера е поставен звучник, а во горниот дел од телефонот се наоѓа 3.5 милиметарски џек за слушалки, што е изненадувачки бидејќи немаше таков во Mate 10 и Mate 10 Pro.

На дното на паметниот телефон гледаме микрофон, приклучок USB Type-C и втор звучник. На задниот панел го гледаме само горниот дел, кој содржи тројна главна камера и LED блиц, ставени во квадратна зона. Таа е центрирана, за разлика од позицијата кај P20 Pro. Задниот панел е повторно стакло, што ќе помогне на очекуваното безжично полнење на батеријата со капацитет од 4200 mAh. Неодамна Huawei потврди дека премиерата на Mate 20 ќе биде повторно во октомври и во него ќе се користи чипсетот Kirin 980.

Слични содржини