273
Вакцината против коронавирус што се дава во една доза, создадена од американската компанија „Џонсон и Џонсон“, покажа висока ефикасност во борбата против вирулентниот делта сој, се вели во соопштението на веб-страницата на компанијата.
„Џонсон и Џонсон имаат база на податоци што покажува дека нејзината вакцина со единечна доза обезбедува силна и долгорочна заштита од варијантата делта која брзо се шири“, се вели во објавата, пренесува Тас с.
Компанијата истакна дека времетраењето на имунолошкиот одговор е најмалку осум месеци.