„Вакцината е ефикасна, да ја запреме делтата“: Израелците ја намалија возраста за примање на третата доза вакцина

од Берта Китинска
208 прегледи

Израел одлучи да ја намали минималната возраст за примање на третата доза вакцина против коронавирус на 40 години, со цел да се потисне зголемувањето на бројот на заразени со делта сојот, рече министерот за здравство во четвртокот Ницан Хоровиц.

„Вакцината е ефикасна, да ја запреме делтата“, додаде министерот.

Третата доза ќе започне да се дава  в недела за Израелци на возраст од 40 години и повеќе.