Вакцината „Синофарм“ произведува антитела побавно: Еве кога е идеално време да ги проверите

од Берта Китинска
180 прегледи

Сите вакцини од поновата генерација – Спутник V, АстраЗенека и Фајзер даваат побрз одговор од „Синофарм“, но тоа не значи дека кинеската вакцина не е добра и безбедна, вели Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП) од Србија.

Таа за ТВ К1 рече дека антителата се создаваат подоцна по приемот на вакцината „Синофарм“, но посочи дека оваа вакцина, како и другите што ги има Србија, е безбедна.

– Ова е добра и безбедна вакцина, треба само многу повеќе време, концентрацијата на антитела расте доста добро – изјави Гњатовиќ.

Таа им порача на граѓаните да не проверуваат антитела по првата доза, туку две до четири недели по приемот на втората доза на вакцината.

– Ова е вистинскиот момент ако некој сака да провери за антитела – рече Гњатовиќ.