Вакцинација кај Дракула: Невообичаена акција во Романија

од Nikola Popovski
340 прегледи

Посетителите кои престојуваат во замокот Дракула во Романија овој месец, најверојатно ќе најдат траги од убод на раката отколку на вратот, бидејќи здравствените власти отвориле центар за вакцинација против Ковид 19 во туристичката атракција.

На туристите кои сакаат да претстојуваат во замокот Бран од 14 век, влашкиот војвода Владо Цепеш, кој му послужил како инспирација на Брем Стокер за романот „Дракула“, од медицинскиот персонал ќе им понудат бесплатни вакцини Фајзер против Ковид-19 , пренесува Ројтерс.

Управата на замокот се надева дека со услугата ќе привлече повеќе луѓе на оваа туристичка дестинација во Трансилванија, во близина на градот Брашов, бидејќи бројот на посети нагло се намалил од почетокот на пандемијата, пренесува Танјуг.

Бесплатни вакцинации во замокот на Дракула може да се примат без закажан термин во текот секој викенд во мај, а посетителите добиваат и бесплатен влез на изложба на 52 средновековни инструменти за тортура.

Романската влада постави цел да се вакцинираат 10 милиони граѓани до септември, но истражувањето објавено од организацијата „Глобсек“ во април покажа дека Романците се најмалку заинтересирани за имунизација од сите источни членки на ЕУ.

Слични содржини