Вакцинираните лица можат во Германија без да одат во карантин

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Германската влада одобри планови денес да им дозволи на луѓето кои биле целосно вакцинирани против коронавирусот и кои се опоравиле или имаат негативен тест за вирусот, да влезат во Германија, без да одат во карантин, изјави владин извор.

Според Ројтерс, оваа одлука не се однесува на луѓе од земји кои се сметаат за високоризични или од области каде има мутации на вирусот, пренесе Танјуг.

Мерките за ублажување се однесуваат само на лица кои примиле вакцини одобрени во Европската унија, поточно вакцините на компаниите Фајзер и Бајонтек, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон.

Слични содржини