Вакцините на Фазјер и Модерна против Ковид 19 се ефикасни кај бремени жени и доилки кои можат да пренесат антитела на бебиња.
Нивото на антитела, стимулирано со вакцинација, било исто кај бремени жени и доилки, како и кај жени кои не биле бремени. Тимот истакна дека нивото на антитела е „импресивно поголемо“ во споредба со антителата создадени по инфекцијата со вирусот корона за време на бременоста.
Жените ги пренеле овие заштитни антитела на своите бебиња и тие биле измерени во мајчиното млеко и плацентата, но потребни се дополнителни истражувања за да се разбере колку траат овие заштитни антитела кај бебињата.
Иако тимот откри дека нивото на антитела е слично кај жените вклучени во студијата и вакцинирани со Фајзер и Модерна, истражувачите откриле повисоко ниво кај бремени жени вакцинирани со Модерна.
Неодамнешна студија покажа дека вакцините базирани на РНК технологија предизвикуваат производство на антитела кај бремени жени кои можат да се пренесат на бебиња.
Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, бремените жени со ковид-19 имаат поголем ризик од развој на потешка форма на болеста и поголем ризик од предвремено породување.