Вакцините не се задолжителни и не смее да има дискриминација: Што пишува во резолуцијата на Советот на Европа?

од Nikola Popovski
290 прегледи

Парламентарното собрание на Советот на Европа ја усвои Резолуцијата за вакцините против Ковид-19, во која се нагласува дека вакцините мора да бидат јавно добро на глобално ниво и дека имунизацијата мора да биде достапна за секого и насекаде.

Документот особено нагласува дека во сите земји е важно да се информираат граѓаните дека вакцинацијата не е задолжителна и дека не треба да се врши никаков политички или социјален притисок врз нив да се вакцинираат, доколку не сакаат.

Додадено е дека треба да се осигури дека никој не е дискриминиран ако не ја примил вакцината, без оглед дали од здравствени причини не смееле да ја примаат или не сакале.

Исто така е важно да се преземат ефикасни мерки навремено со цел да се потисне ширењето на дезинформации во врска со вакцината за коронавирус, како и транспарентни информации за безбедноста на вакцината и можните несакани ефекти, се наведува во Резолуцијата.

Во документот, Парламентарното собрание на Советот на Европа се залага за правична и навремена дистрибуција на вакцините, особено имајќи ги предвид ризичните групи, како и непречено функционирање на регулаторните тела кои треба да ги испитаат и проверат вакцините, додавајќи дека соработката меѓу земјите е исклучително важно.

Исто така, се посочува дека научниците кои ја создадоа вакцината против коронавирусот за рекордно време, направија неверојатна работа.

Слични содржини