„Вакцините спасуваат животи“: Целта на Унгарија е да вакцинира 5 милиони граѓани

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека следната цел на Унгарија е да вакцинира најмалку пет милиони граѓани.

Тој во видео пораката објавена по разговорите со министрите за внатрешни работи и министри за надворешни работи рече дека Унгарија има доволно вакцини и дека успехот зависи од тоа дали граѓаните аплицираат за вакцинација.

„Вакцините спасуваат животи. Не слушајте гласови против вакцините, заштитете се себе си и семејствата“, рече Орбан.

Тој го поздрави фактот дека повеќе од милион граѓани ја примиле вакцината во изминатите две недели, проценувајќи дека тоа е „фантастично достигнување“, пренесува МТИ.

Орбан им се заблагодари на сите доктори, медицински сестри и другиот медицински персонал за придонесот во процесот на имунизација.