Големиот национализам за вакцинирање од кој Светската здравствена организација и другите здравствени организации стравуваа, се случува во моментов и започнува во Европа, која обично може да се пофали со највисоки нивоа на еднаквост според многу стандарди, според анализата на Си-Ен-Ен.
Во текстот се потсетува дека клучен момент на пандемијата беше седницата на Генералното собрание на ООН во септември минатата година, кога светските лидери почнаа да покажуваат одредено единство во време кога бројот на смртни случаи од коронавирус во светот се приближуваше до еден милион.
Тогаш тие соопштиле дека научиле лекција од штетата предизвикана од акумулацијата на заштитната опрема и ветија дека, кога вакцините ќе бидат подготвени, најранливите во светот ќе бидат првите кои ќе ги примат.
Солидарноста меѓу Велика Британија и ЕУ целосно исчезна и отстапи на општата борба околу тоа кој има повеќе права на десетици милиони дози произведени од британско-шведската компанија АстраЗенека.
Во меѓувреме, многу држави сè уште не примениле ниту една доза на вакцина, забележува Си-Ен-Ен.
Конфликтот околу договорот на ЕУ со АстраЗенека, кој неодамна го информираше блокот дека нема да може да ја испорача количината на вакцини за кои се надеваше ЕУ до крајот на март.
Лидерите на ЕУ се бесни што компанијата се чини ги исполнува испораките за пазарот во Велика Британија, а не за нивниот.
Додека поплаките на ЕУ се главно насочени кон АстраЗенекз, спорот предизвика непријателство кај двете страни на Ла Манш, во време кога двете страни штотуку излегоа од четиригодишниот спор околу условите за Брегзит.
Вчера Брисел воведе контрола врз извозот на вакцини со цел да се следи колку дози го напуштаат континентот и каде одат, и иако лидерите тоа го нарекуваат мерка за транспарентност, се чини дека ова е насочена забрана за извоз, проценува Си-Ен-Ен.
Американските медиуми исто така потсетуваат дека ЕУ најави дека ќе се повика на клаузулата во договорот за Брегзит за воведување на извозни контроли на Северна Ирска со цел да се осигура дека дозите не одат преку тој регион до остатокот од Велика Британија, но таа закана беше повлечен неколку часа подоцна откако британските и ирските лидери побараа итно појаснување од Брисел во врска со контроверзниот потег.