Валенсија ја продава својата голема ѕвезда во Англија

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Валенсија ќе се раздели со својот најдобар играч Гонзало Гедеш. Лично, главниот тренер на „лилјаците“ Џенаро Гатузо призна дека претстојниот трансфер е причината поради која Португалецот не учествуваше во синоќешната контрола со Аталанта, добиена со 2:1.

„Од управата ми кажаа дека добиле ексклузивна понуда од клуб во Англија“, изјави Гатузо.

Според медиумите во Шпанија се работи за Вулверхемптон. „Волците“ за Гедеш ќе платат 30 милиони евра, а уште 5 милиони можат да влезат во касата на „Местаља“ како бонуси.

Гонзало Гедеш минатата сезона одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 6 асистенции. Валенсија се надеваше дека ќе потпише нов договор, но Португалецот одби и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Против Аталанта, Уго Дуро ги постигна двата гола за „Лос Че“. Силна партија кај домаќините имаа и Карлос Солер и Самуел Лино. Едерсон погоди за Аталанта.

Во првото коло од сезоната во Ла Лига, Валенсија ќе биде домаќин на повратникот во елитата – Жирона.