27
Повеќе од 100.000 луѓе протестираа во саботата вечерта во Валенсија, во источна Шпанија, поради бавната реакција на регионалните власти за време на разорните поплави во кои загинаа повеќе од 220 луѓе, што доведе до судири со полицијата.
Шпанските медиуми, вклучително и новинската агенција Ефе, повикувајќи се на владино тело, известуваат дека 130.000 луѓе излегле на улиците во саботата, обвинувајќи ги локалните власти дека предоцна издале предупредување за поплави.
Гневните демонстранти се судрија со полицијата на крајот на протестот, јавува денеска Би-би-си.