Ваневска: Гевгелиска фирма со скопски основачи прави втор „Фиком“

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Фирмата „НесМак“ од Гевгелија, чии основачи се од Скопје, нелегално ја купила зградата „Николина“ од „Фиком“ и ги продава становите, со што прави втор „Фиком“, вели за Плусинфо нотарката Лорија Ваневска, поранешна адвокатка на измамените станари од зградите на оваа фирма.

– Фирмата „НесМак“ од Гевгелија со скопски основачи ја купи згадата „Николина“ пред таа да биде ставена во стечајна постапка, што е нелегално и сега таа ги продава становите, со што прави втор „Фиком“ – рече Ваневска.

Таа вели дека криминалот и нелегалностите продолжуваат и дека целиот процес се одвива во чудни околности со низа неправилности.

– Имаме полномошно од починат човек, полномошно кое не е за таа парцела. Баравме тоа да биде ништовно, но Апелација го врати предметот повторно. Тоа веќе не може да се користи и хипотеката мора да остане, а Еуростандард банка веќе продаде една од зградите – вели нотарката Ваневска.

Таа додава дека иако од банката знаеле за случувањата, тие сепак му доделиле хипотека на Никола Николиќ и дека истиот бил казнет поради таа хипотека. Според неа, целиот криминал се враќа и нелегално се суди за овој случај од за неа непозната причина, но дека купувачите на становите ќе одат до крај со оваа постпака./Извор +Инфо