136
Алокациите на кинеската држава за потребите на националниот одбранбен систем во основа се стабилни долги години, со „умерени и разумни“ зголемувања, изјави денеска портпаролот на кинескиот парламент.
„Модернизацијата на кинеската армија нема да претставува закана за ниту една земја“, изјави Ванг Чао, портпарол на кинескиот парламент, во интервју за новинарите, пренесе Ројтерс.
Ванг новинарите го прашаа колку е зголемен буџетот за потребите на одбранбениот систем годинава и дали воопшто се зголемил, но тој одби да даде прецизни податоци или бројки.