По вчерашното интервју за порталот Прес 24 на Премиерот Груевски ,во кое го обвини посредникот Ванхауте дека е само извршител со своја агенда , кој зема дебели дневници,и не помага во преговорите, туку провоцира, посредникот Питер Ванхауте за 24 Вести вели дека е тука за да помогне и прави напориза да се постигнат резултати, но очекува проактивност и политичка волја. Во однос на обвинувањата на премиерот Груевски, Ванхауте вели:
(ВИДЕО) Нема “политички маж” што ќе се појави пред Анкетната комисија- и Мијалков не дојде
„Нема да коменатирам многу. Само сакам да кажам кога некому не му се допаѓа пораката , го убива гласникот. Мојата работа тука е да создадам пријатна атмосфера. Тука сум да постигнам резултати, согласно европските вредности и стандарди. За некои луѓе ова можеби е проблематично, но исто така верувам дека постои само еден начин за напредок кон интеграција во НАТО и ЕУ. Треба барем да се биде проактивен и да се покаже политичка волја дека сте подготвени и активни да имплементирате се што е потребно да се постигнат резултати за интеграција во НАТО и ЕУ.“
Повеќе ТУКА
