Ванковска: НАТО не реши ниту едно отворено прашање, БиХ е недовршена држава

од Nikola Popovski

Професорката Билјана Ванковска, кандидатка на Левица за претседател на државата, вчера во дебатна емисија изјави дека НАТО многу придонел за несигурноста во регионот. Ванковска во интервју во „Топ тема“, претставувајќи ја својата кандидатура, рече дека никогаш не ја криела својата „анти-НАТО позиција“, бидејќи, како што рече, не мисли дека во меѓународните односи работите се решаваат на сила.

Како што истакна таа, „НАТО не е добар човек во приказната и придонесе многу за несигурноста во светот и во регионот, а не реши ниту едно отворено прашање“.

„Кажете ми кое прашање е затворено. Од она што се случува на релација Приштина – Белград, Република Српска. БиХ е недовршена држава. И Македонија се разнишува во тие темели“, рече Вановска.

Според неа, „НАТО придонесе многу за оваа несигурност во светот, почнувајќи од интервенцијата во 1999 година, кршењето на повелбата на ОН, потоа учеството на членките на НАТО, особено на САД, во незаконски интервенции кои ги нарекуваат хуманитарни или како и да ги нарекуваат“.

-Зад себе оставија еден куп уништени држави, рекла претседателската кандидатка.

Ванковска е еден од седумте кандидати за претстојните избори кои ги собраа потребните 10.000 потписи од граѓаните. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи во среда на 24 април, а вториот во среда на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Слични содржини